Струки

Имајќи ги предвид најновите светски тенденции и актуелните индустриски, економски и техничко технолошки развојни достигнувања, стручното образование и обука во светот сè повеќе се диференцира како иницијален двигател на целиот развоен процес на секоја држава.
Неминовна е потребата од стекнување нови информации и компетенции применливи во практиката, квалитети кои ученикот може да ги стекне единствено низ процесот на стручното образование обука. Од тие причини, стручното образование и обука нуди квалификации кои обезбедуваат квалитетни компетенции преку кои се продуцираат економски активни и вработливи идни генерации кои ќе бидат способни да го подобрат животот во целина

Здравство и социјална заштита

Здравствената дејност е од јавен интерес и се реализира како јавна служба со која се обезбедува здравствена заштита. Таа ги опфаќа мерките, активностите и постапките за зачувување и унапредување на здравјето, за спречување, рано откривање и сузбивање на болести, повреди и други нарушувања на здравјето предизвикани од влијанието на работната и на животната средина, за навремено и ефикасно лекување, како и за здравствена нега и рехабилитација.

Физиотерапевтски техничар

Физиотерапевтски техничар Учествува во зачувување на здравјето, здравствена едукација и...

Фармацевтски техничар

Фармацевтски техничар Изработува лековити и други фармацевтски соединенија под водство на фармацевт;...

Медицинска сестра

Медицинска сестра Применува општа и специјална здравствена нега во превентивни цели кај здраво...

Земјоделство, рибарство и ветеринарство

Земјоделство претставува основна стопанска гранка и дејност која претставува процес на производство на храна, храна за животни, влакна, суровини за индустриска преработка и други потребни производи преку одгледување одредени растенија и домашни животни. Со поимот земјоделие се означуваат голема група на аграрни дејности кои првенствено ги опфаќаат: полјоделството, сточарството, лозаро-овоштарството. Агрономијата е збир науки, кои ги проучуваат начините на земјоделското производство и стопанисување и иследуваат различни држави на ниво на културно растение - абиотични еколошки услови - биотични еколошки услови. Риболов или рибарство е стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите. Ветеринарството е гранка на медицината која се занимава со превенција, дијагностика и лекување болести, нарушувања и повреди кај животните.

Агротехничар

Агротехничар Контролира операции за примена на основните техники при работа во полјоделското...

Техничар за агроменаџмент

Техничар за агроменаџмент Планира, организира и контролира операции за примена на основните техники...

Техничар по ветеринарна медицина

Техничар по ветеринарна медицина Планира и организира активности, самостојно или под надзор и по...

Техничар за фитомедицина

Техничар за фитомедицина Препознава штетници и болести на земјоделските култури; спроведува мерки за...

Хемија и технологија

Секторот Хемија и технологија обезбедува функционални, безбедни, одржливи, квалитетни производи и процеси за задоволување на барањата и потребите на клиентите и заштита на животната средина. Секторот е од витално значење за животот на човекот и е директно одговорен за создавањето, менувањето и подобрувањето на животната средина. Хемиската индустрија како една од клучните светски индустрии, преку зголемување на иновациите, тежнее да обезбеди производни процеси со кои се намалуваат ризиците по здравјето и животната средина и обезбедување одржлив развој. Токму затоа, денешен тренд во хемиско-технолошкиот сектор се нови материјали со подобрени карактеристики кои ќе можат лесно да се добиваат и лесно да се рециклираат и нови технологии кои ќе имаат минимално влијание врз животната средина, при оптимално користење на енергијата. Прехранбената индустрија како дел од овој сектор, која се занимава со производство на квалитетна храна за задоволување на потребите на потрошувачите, се развива кон создавање функционални производи кај кои се комбинираат нутриционистички и фармацевтски карактеристики.

Техничар за козметички и хемиски производи

Техничар за козметички и хемиски производи Извршува лична подготовка и подготовка на работното место...

Прехранбен техничар

Прехранбен техничар Извршува лична подготовка и подготовка на работното место со примена на прописи...

Угостителство и туризам

Угостителството претставува стопанска дејност која врши разни услуги на луѓето за задоволување на нивните потреби за сместување, исхрана, пијалаци, забава и разонода. Доколку подобро го разгледаме технолошкиот процес на работењето, ќе видиме дека угостителството е делумно услужна дејност, односно дека во своето работење врши и производство. Подготвувањето на храна и пијалаци има карактер на производен труд, а со тоа спаѓа во подрачјето на материјалното производство, а додека пак, изнајмувањето на соби претставува услуга, со што има карактер на непроизводствен труд.

Готвач

Готвач Приготвува прехранбени продукти за финализирање на различни видови готварски производи: ладни...