Планира и организира активности, самостојно или под надзор и по налог на ДВМ (доктор по ветеринарна медицина); асистира во прегледот, дијагностиката и лекувањето на животните; учествува во лабораториски испитувања и во контрола на храната од животинско потекло; подготвува и дава храна на домашните животни, спроведува зоотехнички, зоохигиенски и превентивни мерки за здравствена заштита на животните; води етеринарна евиденција, врши вештачко семенување, обележува животни и други работи од техничка природа, поврзани со здравствената заштита на животните, согласно со законските прописи за борба против заразните болести кај животните кои ја загрозуваат целата земја, како и здравјето на животните и луѓето.