Активности

Еразмус

Пракса во Шпанија

NASA Space Apps Challenge

Директорот на училиштето Јасминка Цамбулева континуирано од 2022 до 2024 година го поддржува интернационалниот хакатон NASA Space Apps Challenge со локалниот лидер Зорица Масникоса-Поп Трајкова на настанот и организациониот тим на NASA Space Apps Challenge со Елена Депинова. Хакатонот има натпреварувачка, но воедно и едукативна, социјална и иновативна компонента. Учесниците преку тимови од целата држава во рок од 48 часа, работат на предизвици доставени од страна на вселенската агенција НАСА и креираат конкретни решенија за проблеми кои се поврзани со загадувањето на Земјата и креираат софтверски апликации за Космосот. Натпреварот се одржува во исто време во цел свет на околу 180 локации. Од страна на стручна комисија се прогласуваат три најдобри решенија кои се прикачени на платформата доделена од страна на НАСА. Првото место продолжува на глобална номинација кое се оценува од страна на експерти во НАСА. Учесниците се на возраст од 15-19 години, и после учеството на натпреварот добиваат сертификат од самата апликација на која се најавени.

Меѓуетничка интеграција во образованието

Партнерските училишта СОУУД “Димитар Влахов” – Струмица и РЦСОО”Моша Пијаде” – Тетово преку Проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, продолжуваат со своите активности по повод Струмичкиот карневал. Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, денес во просториите на нашето училиште, СОУУД “Димитар Влахов” – Струмица, се реализираа активности со партнерското училиште РЦСОО:”Моша Пијаде” од Тетово . Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, денес на покана од РЦСОО:”Моша Пијаде”, ја реализиравме нашата посета во нивното училиште и градот Тетово. Во рамки на посетата , се реализираа заеднички активности на учениците од двете партнерски училишта. -Реализиравме три активности: 1.Изработка на еколошки слогани 2.Читање на еколошките слогани и 3.Посета на Попова Шапка.

Хуманитарна кампања

Со големо чувство на солидарност и општествена одговорност, нашето училиште активно се вклучи во хуманитарната кампања „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“, во организација на Фондација Елеуса. Учениците и вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, донирајќи нерасиплива храна.Со заеднички сили успеавме да собереме значајна количина донации кои ќе бидат наменети за семејства во социјален ризик во општината. Преку вакви иницијативи ги поттикнуваме учениците да развиваат емпатија, солидарност и чувство за заедништво – вредности кои се темел на едно хумано општество. Изразуваме благодарност до сите ученици, родители и вработени кои несебично се вклучија и дадоа свој придонес. Заедно покажавме дека хуманоста живее меѓу нас!

Светски ден на водата- 22 Март

Светски ден на водата – 22 Март Водата е извор на животот и највредниот природен ресурс без кој не можеме да постоиме. Таа е основа за здравје и правилно функционирање на човечкиот организам. Редовното внесување вода е од големо значење – затоа не заборавајте да пиете доволно вода секој ден. По повод Светскиот ден на водата, во СОУУД „Димитар Влахов“ се реализираше активност во која учениците од прва година делеа водички на своите соученици и колеги и испратија едукативни пораки за значењето на водата, покажувајќи колку е таа важна за здрав живот. Во склоп на активноста беше организирана и изложба на цртежи изработени од учениците, инспирирани од значењето на водата и нејзината улога во нашиот живот. Ментори на активноста беа Елена Трајкова и Ивана Петров Ѓоргиева.