Натпревар за млади угостители

На ден 13.03.2026г., ученици од угостителско-туристичката струка учествуваа на натпреварот за млади угостители "TASTY" 2026 кој се оддржа во Струмица. Учениците ги покажаа своите вештини во подготовка на пилешко месо во категоријата: готвење, под менторство на наставниците: Ивана П. Ѓоргиева и Валентина Танева. Учеството на овој натпревар донесе одлични резултати, па нашето училиште беше и победник на целиот натпревар кога Љубинка Ѓоргиева од I4 паралелка ја освои Гранд При наградата, а беа освоени вкуно 3 златни медали, 5 сребрени медали и 4 бронзени медали. Училиштето и менторите се здобија со Благодарница за успешна соработка и развој на угостителството и гастрономијата. Честитки до нашите вредни идни готвачи!