На 13.02.2026 година се одржа 13. Општински натпревар по биологија, на кој учествуваа ученици од нашето училиште и постигнаа одлични резултати.
Под менторство на проф. Нетка Димоска, учениците Катерина Костуранова, Ѓорги Георгиев и Мишел Јовановски (IV-8) освоија пофалници, а Душица Манчева и Благој Диков (III-10) освоија трета награда.
Под менторство на проф. Илинка Кицева, Мила Пертемова (I-9) освои втора награда, а Верица Соколова (I-10) трета награда.
Со освоените награди учениците се пласираа на регионалниот натпревар. Честитки за успехот и им посакуваме уште поголеми резултати