Посета на земјоделски факултет – Универзитет „Гоце Делчев” Штип

На ден 03.04.2026 година, ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица, заедно со своите класни раководители го посетија Земјоделскиот факултет при УГД - Штип, Наставен Центар Струмица, каде имаа можност да се запознаат со условите за студирање и практичната настава. Во рамки на посетата, тие ги разгледаа предавалните и лабораториите, при што се информираа за современата опрема и активностите што се реализираат во наставниот процес. Посетата претставуваше одлична можност учениците поблиску да се запознаат со студиските програми и идните можности за образование во областа на земјоделството. Ве очекуваме на уписните рокови за новата академска 2026/27 г.
Галерија