Посета на саем за убавина BeaytuExpo - Скопје и посета на козметичка фабрика Danai farm - Скопје
Образовниот профил Техничар за козметички и хемиски производи имаше прекрасна и инспиративна посета на козметичка фабрика Danai farm - Скопје каде одблиску се запознавме со процесот на производство на козметички производи. Имавме можност да видиме како се создава квалитет, да научиме нови работи и да добиеме вредни информации од професионалци во индустријата.
Посетата ја заокруживме со посета на саем за убавина BeaytuExpo - Скопје каде се запознавме со најновите трендови, иновации и производи од светот на козметиката. Едно прекрасно искуство исполнето со учење, инспирација и мотивација.