Промоција за втора научна едукативна средношколска конференција

Успешно се одржа промоцијата на втората едукативна средношколска научна конференција „Струмица 2026“, настан кој ја поттикнува љубопитноста, критичкото размислување и научното истражување кај младите. Конференцијата создава платформа за презентација на иновативни идеи, резултати од истражувања и научни проекти од различни области на знаење. Настанот е организиран и поддржан од нашето училиште, со цел да се развиваат компетенции за научно истражување, креативност и меѓусебна соработка меѓу учениците. Благодарност до сите учесници, наставници и поддржувачи кои го направија овој настан успешен. Ова е само почеток на една значајна научна приказна. Ве очекуваме да бидете дел од нас…
Галерија