Прва научна едукативна средношколска конференција

Струмица е интересна и привлечна дестинација, отворена и погодна за одржување на настани од повеќе области. Денеска со СОУ „Димитар Влахов“ сме домаќини на Првата научна, едукативна, средношколска конференција „Храна, наука и медицина“. Ја имав честа да ги поздравам организаторите и учесниците на оваа конференција којашто за прв пат се одржува во Македонија. Посебно ме радува фактот што фокусот е ставен на младите и што оваа конференција е извонредна можност за нив да го покажат своето знаење, потенцијалот со којшто располагаат, желбата за истражување, но и својата визија за подобра иднина со посебен акцент на храната, науката и медицината. Им посакувам успешна работа и одржување на уште многу вакви конференции.
Галерија