Регионалниот натпревар по хортикултурни вештини

Денес во нашето училиште се одржа регионалниот натпревар по хортикултурни вештини, на кој учество зедоа ученици од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица и СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово. Со особена гордост ја истакнуваме нашата ученичка Ивана Јованова, која освои I место, под менторство на професорката Роза Делева, со што обезбеди учество на Државниот натпревар. Натпреварот помина во одлична атмосфера, исполнета со насмевки, креативност и инспирација. Две училишта, многу идеи и една заедничка љубов – природата. Горди сме на сите ученици кои покажаа знаење, труд и талент, и дадоа свој придонес во создавање на оваа прекрасна зелена приказна
Галерија