Натпревар по англиски јазик
Со гордост ги споделуваме резултатите од Општинскиот натпревар по англиски јазик, кој се одржа на 14.03.2026 година во Гевгелија. Нашите ученици постигнаа одлични резултати и достојно го претставија училиштето. I година Мила Пертемова – III награда, Иван Мишев – III награда. Ментор: Сања Бонева Мучева. II година Ивана Ѓорѓиевска – II награда, Елена Страторска – III награда. Ментор: Моника Делева. III година Стефан Проданов – II награда, Венера Иванова – II награда. Ментор: Македонка Босиљанова. Сите ученици се пласираа за учество во Регионален натпревар Им честитаме на учениците за вложениот труд, знаење и успех, како и на нивните ментори за посветената работа. Им посакуваме уште многу успеси и во иднина!
