Историјат
СОУУД "Димитар Влахов " - Струмица
80 години
Училиштето “Димитар Влахов” е основано како земјоделско училиште на 28.09.1946 година со решение на Владата на Народна Република Македонија (Службен весник на РМ бр. 29 стр.318), а врз основа на предлог на Министерството за земјоделие и шумарство за образување на кадри за источниот дел од Р.Македонија. Училиштето свечено е отворено на 3-ти ноември 1946 год. Со претставници на тогашната Народна власт од Месниот, Градскиот и Окружниот Народен одбор и други. Првите работни денови училиштето ги започнува на 6 ноември 1946 година со 42 ученика.
„Иднината им припаѓа на народите кои вложуваат во образование и свест.“
