Истражувачка теренска работилница на Дојранско Езеро

Мала истражувачка теренска работилница на Дојранското Езеро! Учениците од средните училишта од Богданци, Валандово, Гевгелија и Струмица имаа можност да учествуваат на теренска работилница на брегот на Дојранското Езеро и да научат за неговиот богат биодиверзитет. Едукатори кои ја водеа оваа истражувачка акција беа членови на Истражувачко друштво на студенти биолози кои им демонстрираа на учениците практични активности од различни секции кои се застапени во ИДСБ. Ве оставаме преку фотографии да видите колку беше интересна оваа работилница која ПОЛИМАТ 13 ја спроведува во рамки на проектот „Градење на локални групи за заштита на природата и активно вклучување на младите“, финансиски поддржан од Tour du Valat Foundation преку Agence Francaise de Developpement (AFD).
Галерија