NASA Space Apps Challenge

Директорот на училиштето Јасминка Цамбулева континуирано од 2022 до 2024 година го поддржува интернационалниот хакатон NASA Space Apps Challenge со локалниот лидер на настанот Зорица Масникоса-Поп Трајкова и организациониот тим на NASA Space Apps Challenge со Елена Депинова. Хакатонот има натпреварувачка, но воедно и едукативна, социјална и иновативна компонента. Учесниците преку тимови од целата држава во рок од 48 часа, работат на предизвици доставени од страна на вселенската агенција НАСА и креираат конкретни решенија за проблеми кои се поврзани со загадувањето на Земјата и креираат софтверски апликации за Космосот. Натпреварот се одржува во исто време во цел свет на околу 180 локации. Од страна на стручна комисија се прогласуваат три најдобри решенија кои се прикачени на платформата доделена од страна на НАСА. Првото место продолжува на глобална номинација кое се оценува од страна на експерти во НАСА. Учесниците се на возраст од 15-19 години, и после учеството на натпреварот добиваат сертификат од самата апликација на која се најавени