Втора научна едукативна средношколска конференција

Денес во нашето училиште успешно се одржа Втората научно-едукативна средношколска конференција, во организација на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица — настан кој веќе се етаблира како единствен од ваков тип во државата и значајна платформа за развој на младинската наука и истражувачкиот дух. На конференцијата учествуваа 189 ученици и студенти, кои ги презентираа своите истражувачки апстракти и трудови од областа на храната, медицината и земјоделството, покажувајќи извонредна посветеност, знаење и иновативност. Овој настан претставува доказ дека младите имаат потенцијал да бидат двигатели на промените и идни носители на научниот и професионалниот развој во нашето општество. СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица уште еднаш потврди дека е расадник на знаење, идеи и идни успешни професионалци, поставувајќи високи стандарди во образованието и науката. Горди сме што сме домаќини на ваков значаен настан кој ја поврзува науката, образованието и иднината.
Галерија