Втора научно-едукативна средношколска конференција
На 05 мај 2026 година, во просториите на СОУУД „Димитар Влахов“ ќе се одржи Втората научно-едукативна средношколска конференција – Струмица 2026.
Конференцијата има за цел да го поттикне научно-истражувачкиот дух кај младите, да ја афирмира креативноста и иновативноста на средношколците и да создаде поврзаност помеѓу образованието, науката и бизнис секторот.
Во рамки на конференцијата ќе се реализираат четири научно-едукативни сесии од следните области:
-Земјоделие и прехрана
-Преработка на храна
-Медицина и здравствена наука
-Варија (ИТ, инженерство и социјални науки)
Дополнително ќе се одржи постер сесија под мотото „Моите достигнувања на парче хамер хартија“, на која учениците ќе ги претстават своите истражувања, проекти и успеси од натпревари.
Предвидена е и панел-дискусија со модераторите на конференцијата, како и свечено доделување сертификати за учесниците и благодарници за поддржувачите.