Емисија на "Качамак"

Денес нашето училиште, верно на традицијата и со години активно вклучено во Струмички карневал, заедно со Карневалскиот одбор, мажуретките и „Распеани струмичани“, беше гостин во емисијата Качамак. Со гордост ја претставивме нашата долгогодишна посветеност, креативност и љубов кон карневалската традиција, која со години ја негуваме и пренесуваме на младите генерации. Благодарни сме за можноста да бидеме дел од ова прекрасно гостување и да ја промовираме карневалската магија на Струмица.