Заедно за заштита на озонската обвивка!

По повод 16 Септември – Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, учениците од нашето училиште преку креативни активности изработка на природни ароматизери за простории, читање на содржини за заштита на озонската обвивка, пишување пораки ја подигнаа свеста за значењето на озонската обвивка и нејзината улога во заштитата на животот на Земјата. Во активноста учествуваа ученици од струката Хемија и технологија и Здравство и социјална заштита. Со знаење, креативност и одговорен однос кон природата, нашите ученици испратија важна порака: да ја чуваме озонската обвивка, затоа што со тоа ја чуваме и нашата планета! Активноста беше реализирана под менторство на наставницитге од Невенка Мачукова Лазарова, Тања Делевска, Емилија Котевска, Татјана Дикова, Силвана Крстева и Тања Дрвошанова.
Галерија