Активности

Еразмус

Еразмус

Пракса во Шпанија

NASA Space Apps Challenge

NASA Space Apps Challenge

Директорот на училиштето Јасминка Цамбулева континуирано од 2022 до 2024 година го поддржува интернационалниот хакатон NASA Space Apps Challenge со локалниот лидер Зорица Масникоса-Поп Трајкова на настанот и организациониот тим на NASA Space Apps Challenge со Елена Депинова. Хакатонот има натпреварувачка, но воедно и едукативна, социјална и иновативна компонента. Учесниците преку тимови од целата држава во рок од 48 часа, работат на предизвици доставени од страна на вселенската агенција НАСА и креираат конкретни решенија за проблеми кои се поврзани со загадувањето на Земјата и креираат софтверски апликации за Космосот. Натпреварот се одржува во исто време во цел свет на околу 180 локации. Од страна на стручна комисија се прогласуваат три најдобри решенија кои се прикачени на платформата доделена од страна на НАСА. Првото место продолжува на глобална номинација кое се оценува од страна на експерти во НАСА. Учесниците се на возраст од 15-19 години, и после учеството на натпреварот добиваат сертификат од самата апликација на која се најавени
Меѓутехничка интеграција во образуванието

Меѓутехничка интеграција во образуванието

Партнерските училишта СОУУД “Димитар Влахов” – Струмица и РЦСОО”Моша Пијаде” – Тетово преку Проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, продолжуваат со своите активности по повод Струмичкиот карневал. Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, денес во просториите на нашето училиште, СОУУД “Димитар Влахов” – Струмица, се реализираа активности со партнерското училиште РЦСОО:”Моша Пијаде” од Тетово . Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција на Младите во Образованието, денес на покана од РЦСОО:”Моша Пијаде”, ја реализиравме нашата посета во нивното училиште и градот Тетово. Во рамки на посетата , се реализираа заеднички активности на учениците од двете партнерски училишта. -Реализиравме три активности: 1.Изработка на еколошки слогани 2.Читање на еколошките слогани и 3.Посета на Попова Шапка.

Натпревари

Нашето училиште редовно испраќа ученици на натпревари, во кои и имаме земано многу награди, подолу се објавени нашите најнови и неодамнешни успеси и учества на натпревари. На ден 02.03.2024 година во СОУ ,,Гоце Делчев“- Валандово се одржа Регионалниот натпревар по Математика за средношколци. На натпреварот зедоа учество девет ученици од училиштето СОУУД ,,Димитар Влахов“- Струмица. Ученичката: Јована Матаничкова I-9 клас, под менторство на проф. Раде Кренков, доби трета награда и се стекна со право да учествува на Државниот натпревар по Математика. Ученичките: Милена Ангелова и Антонела Николовска од I-10 клас, под менторство на проф. Тања Ѓеорѓиева Мудинова, добија пофалници. Честитки до наградените ученици. Благодарност до сите ученици, кои зедоа учество на овој натпревар. Координатор, Раде Кренков

Успеси

Нашите ученици Давид Јанев и Мишел Јовановски од втора година зедоа II и III награда во натпревар по Англиски јазик одржан во Гевгелија, под менторство на Зорица Паликарова, со што се пласираа на регионален натпревар. Честитки до менторот и до учениците и со среќа понатаму!