Меѓународен гастрономски натпревар

Од 16-ти до 18-ти април се оддржа Меѓународен гастрономски натпревар во Будва, Црна Гора, организиран од Здружението на готвачи на Црна гора и поддржано од единствената Светска асоцијација на готвачи WORLDCHEFS. На натпреварот се представија наши ученици и тоа: Љубинка Ѓеоргиева и Иван Иванов под менторство на наставникот Ивана Петров Ѓоргиева кои во категоријата паста и десерт се здобија со еден сребрен и два бронзени медали како и мерит. Учениците во текот на настанот стекнаа контакти директо со представници на WORLDCHEFS што за нив е од огромно значење за понатамошниот кариерен развој и напредок. Им честитаме и посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Галерија