Регионален натпревар по историја
Со голема гордост и задоволство објавуваме дека учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по историја. Со своето знаење, посветеност и љубов кон историјата, тие достојно го претставија нашето училиште и обезбедија пласман на државниот натпревар. Им честитаме на учениците за овој значаен успех, како и на менторот Ванѓа Ангелова за вложениот труд, поддршка и професионална подготовка. Им посакуваме многу успех и одлични резултати и на претстојниот државен натпревар. Веруваме дека и таму ќе го претстават училиштето во најдобро светло. СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица гордо стои зад своите талентирани ученици!
