Државна матура

 ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИ
Се известуваат сите матуранти дека се објавени термините за полагање на Државната матура и Државната стручна матура за учебната 2025/2026 година.
 ЈУНСКИ ИСПИТЕН РОК
• Англиски јазик – 6 јуни 2026 година, во 09:00 часот
• Македонски јазик и литература – 11 и 12 јуни 2026 година, во 09:00 часот
• Интерни предмети – 18, 22 и 24 јуни 2026 година, во 09:00 часот
 АВГУСТОВСКИ ИСПИТЕН РОК
• Англиски јазик – 12 август 2026 година, во 09:00 часот
• Македонски јазик и литература – 14 август 2026 година, во 09:00 часот
• Интерни предмети – 17, 19 и 24 август 2026 година, во 09:00 часот
 Дополнителни информации за проектната задача и завршните испити се достапни во објавениот распоред.
 Ви посакуваме многу успех!
Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.
Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.
Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.
Дознај повеќе: