Светски ден на планетата Земја

Денес, во чест на Светскиот ден на планетата Земја, 22 Април, нашето училиште го одбележа со креативно еколошка активност која се реализира во рамки на Еко проектот на училиштето. Оваа година решивме да изработиме релјеф на планетата Земја со природни материјали како мов и слични зелени растенија, надополнети со сликарски материјал со цел да добиеме зелена сликарска интерпретација на планетата Земја. Активноста ја реализираа наставниците Љупка Галазка Василев, Љубица Спасова и ученичката од прва година - Верица Соколова.
Галерија