Активности

Ви ја најавуваме премиерата на претставата „Мирандолина“ од авторот Карло Голдони, инспирирана од италијанската традиција на Комедија дел Арте – театарски жанр полн со хумор, сатира и живописни ликови.
Ментор: Олга Хаџиева
Режија: Васка Ангелова
📆12.05.2025 година (понеделник)
🕛20.00 часот
🏢НУЦК Антон Панов
🎫Влез: 100 денари
Билетите ќе бидат во продажба во училиштето од четврток, 08.05.2025 година.
Драмското ателје при СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица Ве поканува на премиерната изведба на претставата ,,МАММА МИА” на 14.05.2024 во 20:00 часот во НУЦК ,,Антон Панов”-Струмица (голема сала).
👉Билетите по цена од 200 денари можат да се купат во билетарата при НУЦК ,, Антон Панов” и во училиштето од понеделник (13.05.2024).

Струмички карневал

Како и секоја година така и оваа година нашето училиште учествуваше во традиционалниот Струмички карневал. Оваа 2024 година нашите ученици се покажаа со маската "Комедија Дел Арте" како инспирација ни беше истоимениот италијански филм. Каде во групата А, со над 50 учесници се пласиравме на 3-то место.

Посети

Исто така како дел од практичната настава, под менторство на нашите професори, учениците имаат посетувано многубројни установи според нивниот образовен профил, односно тоа им е дел од нивната практична настава, во кој визуелно учат и таму ги применуваат нивните знаења и вештини.

Хуманитарна акција

Длабоко потресени од големата трагедија која се случи во Турција и Сирија, учениците и вработените во училиштето се обединија во својата хуманост и многу успешно реализираа хуманитарна акција наменета за луѓето од подрачјата зафатени со земјотресите! Со многу љубов и позитивни мисли испративме соодветна донација во ќебиња и топла облека преку здружение на Турците во Р. Македонија, а собраните парични средства се уплатени на сметката на солидарниот фонд на Црвен Крст. Бидејки ,, Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек ме намалува и мене бидејќи и јас сум опфатен од човештвото!,, ,, За кого бијат камбаните ,, - Ернест Хемингвеј