Пракса во Шпанија

Оваа година во месец февруари се одржа проект од Erasmus + во кој дел од нашите ученици од сите струки имаа можност да одат на 14 дневна практична настава во Шпанија, во која се стекнаа со нови знаења, нови практики и секако со нови доживувања.

 

Креирање позитивна клима во училница

 

Во Хелсинки, Финска 4 наставници од нашето училиште присуствуваат на обуката “Креирање позитивна клима по модел на финското образование”, организирана од Европас Академија за наставници. Обуката е во склоп на проектот “Промената започнува од нас”, финансиран од Еразмус + програмата.

 
 

Иновативни технологии во училница

Учество на обука за Innovative Classroom Technologies (Erasmus+) спроведена од страна на Learn Institute во Chantally, Франција.
👉 Како да се креира часот со користење на алатки и програми
👉На кој начин би се вклучиле учениците следејќи ги алатките и програмите
👉Дали следењето на новата технологија придонесува за креативен час

Дизајнирање инклузивна средина за поддршка на секој ученик

Designing Inclusive Learning Environments to Support all Students – Дизајнирање инклузивна средина за поддршка на секој ученик

Директорот на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски утрово на МРТ зборуваше за сите значајни активности и проекти кои ги спроведе НАЕОПМ во текот на 2022, која беше прогласена година на млади. Еден од нив и проектот на нашето училиште за Иновативни техники во наставата.