NASSA Space Apps Challenge

Директорот на училиштето Јасминка Цамбулева континуирано од 2022 до 2024 година го поддржува интернационалниот хакатон NASA Space Apps Challenge со локалниот лидер на настанот и организациониот тим на NASA Space Apps Challenge. Хакатонот има натпреварувачка, но воедно и едукативна, социјална и иновативна компонента. Учесниците преку тимови од целата држава во рок од 48 часа, работат на предизвици доставени од страна на вселенската агенција НАСА и креираат конкретни решенија за проблеми кои се поврзани со загадувањето на Земјата и креираат софтверски апликации за Космосот. Натпреварот се одржува во исто време во цел свет на околу 180 локации. Од страна на стручна комисија се прогласуваат три најдобри решенија кои се прикачени на платформата доделена од страна на НАСА. Првото место продолжува на глобална номинација кое се оценува од страна на експерти во НАСА. 

Учесниците се на возраст од 15-19 години, и после учеството на натпреварот добиваат сертификат од самата апликација на која се најавени

Организационен тим, учесници од повеќе училишта, судии и ментори од хакатонот NASA Space apps Challenge во Струмица во 2024 година
Комисија за оценување на конкретните решенија во состав: Ѓорги Панделиев- преставник од Министерството за образование и култура, Ѓорги Милушев- претседател на организацијата Новус и Димитар Бежановски- експерт за софтверски решенија
Локалниот лидер на NASA Space Apps Challenge во Струмица Зорица Масникоса-Поп Трајкова со организациониот тим во состав: Елена Депинова и Љубица Гошева
Прогласување на тимот од Охрид за глобална номинација на NASA Space Apps Challenge, Струмица во 2022 година