Натпревари
Нашето училиште редовно испраќа ученици на натпревари, во кои и имаме земано многу награди, подолу се објавени нашите најнови и неодамнешни успеси и учества на натпревари.

Нашите ученици Мишел Јовановски и Давид Јанев од II година под менторство на Зорица Паликарова учествуваа на регионален натпревар по Англиски јазик на 13 април оваа година кој се одржа во Гевгелија и каде Давид зеде прва награда, додека Мишел се здоби со втора награда со што си загарантираа место на државен натпревар.
Честитки до менторот и до учениците, нека им е со среќа на државен!



Нашите ученици Давид Јанев и Мишел Јовановски од втора година зедоа II и III награда во натпревар по Англиски јазик одржан во Гевгелија, под менторство на Зорица Паликарова, со што се пласираа на регионален натпревар.
Честитки до менторот и до учениците и со среќа понатаму!



