Директорот на училиштето Јасминка Цамбулева континуирано од 2022 до 2024 година го поддржува интернационалниот хакатон NASA Space Apps Challenge со локалниот лидер на настанот и организациониот тим на NASA Space Apps Challenge. Хакатонот има натпреварувачка, но воедно и едукативна, социјална и иновативна компонента. Учесниците преку тимови од целата држава во рок од 48 часа, работат на предизвици доставени од страна на вселенската агенција НАСА и креираат конкретни решенија за проблеми кои се поврзани со загадувањето на Земјата и креираат софтверски апликации за Космосот. Натпреварот се одржува во исто време во цел свет на околу 180 локации. Од страна на стручна комисија се прогласуваат три најдобри решенија кои се прикачени на платформата доделена од страна на НАСА. Првото место продолжува на глобална номинација кое се оценува од страна на експерти во НАСА.
Учесниците се на возраст од 15-19 години, и после учеството на натпреварот добиваат сертификат од самата апликација на која се најавени


