Натпревари

Нашето училиште редовно испраќа ученици на натпревари, во кои и имаме земано многу награди, подолу се објавени нашите најнови и неодамнешни успеси и учества на натпревари.

анг

 

Нашите ученици Мишел Јовановски и Давид Јанев од II година под менторство на Зорица Паликарова учествуваа на регионален натпревар по Англиски јазик на 13 април оваа година кој се одржа во Гевгелија и каде Давид зеде прва награда, додека Мишел се здоби со втора награда со што си загарантираа место на државен натпревар.

 

Честитки до менторот и до учениците, нека им е со среќа на државен!

 
 
Учениците Антонела Николовска, Филип Митрев, Лазар Тренчовски и Ивана Милева под менторство на Зорица Масникоса-Поп Трајкова, Елена Депинова и Костадинка Тушева зедоа учество како 16 финалисти од 33 пријавени училишта на финалниот натпревар Најдобар бизнис концепт за зелени иновации организиран од страна на Macedonia 2025, одржан на Машинскиот факултет во Скопје.
 
Честитки за постигнатиот успех!
434240922_405753142102279_6737790771367862124_n
опшрински.

 

 

Нашите ученици Давид Јанев и Мишел Јовановски од втора година зедоа II и III награда во натпревар по Англиски јазик одржан во Гевгелија, под менторство на Зорица Паликарова, со што се пласираа на регионален натпревар.

 

Честитки до менторот и до учениците и со среќа понатаму!

На ден 02.03.2024 година во СОУ ,,Гоце Делчев“- Валандово се одржа Регионалниот натпревар по Математика за средношколци. На натпреварот зедоа учество девет ученици од училиштето СОУУД ,,Димитар Влахов“- Струмица.
Ученичката: Јована Матаничкова I-9 клас, под менторство на проф. Раде Кренков, доби трета награда и се стекна со право да учествува на Државниот натпревар по Математика.
Ученичките: Милена Ангелова и Антонела Николовска од I-10 клас, под менторство на проф. Тања Ѓеорѓиева Мудинова, добија пофалници.
Честитки до наградените ученици.
Благодарност до сите ученици, кои зедоа учество на овој натпревар.
Координатор,
Раде Кренков
 
 
 
Неуморни учениците и менторите од нашето училиште, повторно се закитија со медали 🥇
 

Честитки за учениците и менторите 👏